Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против НД.(41) од Струмица, поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на службата“, соопштија денеска од струмичката полиција.
Имено, пријавениот вработен како полицаец во Полициска станица од општа надлежнст во Струмица од заменик командирот усно побарал да добие слободен ден на 20. септември, по што му било укажано да достави писмено барање. Н.Д. преку командирот на полициската станица доставил барање на што од страна на заменик командирот било нагласено дека распоредот се изготвува најдоцна до 12 часот и во иднина барањата за слободен ден да се доставуват навремено, заради планирање на службите на Станицата.
– Пријавениот Н.Д. во канцеларијата на заменик командирот започнал на висок тон да се обраќа кон него и во еден момент го удрил во пределот на вратот – стои во соопштението на СВР Струмица.
Секторот за внатрешни работи Струмица против пријавениот, како вработен во ПС ОН Струмица, ќе покрене постапка за дисциплинска одговорност.