Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски информира дека вчера околу 12.30 часот на улица „Ѓорѓи Војтех“ во Велес во стан сопственост на К.М.(77) настанал пожар во една од собите при што е опожарен мебелот.
– Од страна на ТППЕ пожарот е локализиран околу 13.30 часот. Сопственичката на станот е пренесена во ЈЗУ Општа болница – Велес каде е задржана на лекување -појасни денеска Додевски.