Утринава во 7 и 50 часот, во МПИ Жито Караорман Кичево, што се наоѓа во непосредна близина на населбата Горица, избувна пожар, предизвикан од плинска боца.

При обид да го изгасне пожарот со изгореници од втор степен се здобил Г.Ц. 40 од Кичево. Тој бил пренесен во кичевската Општа болница, каде по укажаната прва медицинска помош бил пуштен на домашно лекување.

Пожарот е целосно изгаснат по интервенција на екипа на ТППЕ Кичево.

З.А