Екипа на Противпожарната бригада на Скопје интервенираше вечерва поради запалена трска кај каналот на потегот од Ржаничино до Таор во општина Петровец.
Пожарот е ставен под контрола, а на терен се интервенирало со две противпожарни возила, велат од противпожарната служба за МИА.
Како што информираат, на истата локација поради потпалена трска интервенираат секој втор ден.