Пожарот кој вчера избувна во непосредна близина на бензинска пупа во скопската населба Радишани, настанал од невнимание при заварување во автомеханичарски сервис.
Како што информираат од МВР, огнот избувнал додека Н.Р.(43) и З.Е.(29) заварувале со оксигенска боца.
Притоа опожарени биле повеќе паркирани возила на плацот и три магацински простории, а пожарот бил изгаснат од противпожараната единица од Скопје.
Увид на местото на настанот ќе биде извршен од екипа од СВР Скопје во текот на денов.