Педесетгодишен пешак бил повреден вчера од патнички автомобил марка „фолксфаген буба” со неготински регистарски таблички на улицата „Пекарев“ во Неготино, информира денес Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
– Автомобилот бил управуван од дваесет и четиригодишниот М.Д. Повредениот Д.М. од Неготино се здобил со телесни повреди. Бил пренесен во ЈЗУ Општа болница Неготино, а по укажаната медицинска помош бил пуштен на домашно лекување – појаснува Додевски.
Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Неготино.