Пожарот во зградата во Центар што избувна синоќа бил предизвикан од плинска боца, соопшти МВР.
Пожарот избувна во 20.40 часот во стан во сопственост на Л.П. (55) во зграда на булеварот Климент Охридски, позната како зградата-папагал. Според информациите на полицијата, пожарот бил предизвикан од плинска боца. Од страна на Единицата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат, а повредени лица нема.
Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.