Двајца патници им се заканувале на останатите присутни во автобус на ЈСП откако им било укажано да стават заштитни маски преку лицата. Видео-снимка од инцидентот се појави на социјалните мрежи каде што предизвика реакции.
Засега не е познато кога точно и на која автобуска линија се случил инцидентот. „360 степени“ извести дека од Министерството за внатрешни работи се запознаени со видеоснимката и оти случајот се истражува.