Четири бараки целосно изгореа во пожарот што избувна рано утринава на улица „Илинденска“ во Гостивар.
Огнот избил околу 5 часот утринава и брзо се проширил, според првичните информации од тамошните жители. Во пожарот беа уништени домовите на осум семејства.
Причините за пожарот засега се непознати, додека семејствата бараат сместување откако им изгореле имотите и покуќнината.
Интервенцијата на пожарникарите не била ефикасна поради староста на објектите и запаливиот материјал, наспроти тоа што огнот брзо бил локализиран.
Заради староста на објектите и запалливиот материјал, интервенцијата на пожарникарите не била ефикасна, иако огнот бил брзо локализиран.