Прилепската полиција расветлува случај на напад врз играч на рулет што го извршило обезбедување на казино.

Како што информираат од СВР Битола на трети февруари во 20.30 часот во Полициската станица Прилеп, Б.П. (52) од Прилеп пријавил дека во казино во градот обезбедувањето физички го нападнало и му нанело тешки телесни повреди.

Имено, според соопштението на СВР Битола, пријавителот додека играл на рулет апарат, изгубил пари и почнал да удира по апаратот, по што бил исфрлен надвор и физички бил нападнат.

Ка.М.