Неколку лица се повредени, а повеќемина претрпеле шок откако гром удрил на плажата „Оревче“ во Охрид, денеска околу 15 часот, пренесуваат повеќе медиуми.
На последици од инцидентот се пожалиле 13 лица, според медиумите кои се повикуваат на информации од СВР Охрид.
Неофицијално, четири лица се здобиле со лесни изгореници, додека другите се пожалиле на претрпен страв и проблеми со слухот. Дел од повредените се пренесени во болница.
Во Македонија денеска имаше краткотрајно невреме проследено со врнежи од дожд, град, ветар и електрични празнења.