Жител од Неготино починал откога се превртел со тракторот што го управувал.
Утрово, во 7.40 часот, во Полициската станица Неготино било пријавено дека на локалниот пат Неготино – с. Курија, Т. П. (58) од Неготино, управувајќи трактор, изгубил контрола, се превртел и починал на местото на незгодата.
Лекар од итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Увид бил извршен од екипа на Полициската станица Неготино.