Моторџија загина откако ноќеска изгубил контрола над мопедот и излетал надвор од патот, соопшти полицијата, при тоа додавајќи дека несреќата се случила на локалниот пат с.Стојаково-с.Селемли.
Според полицискиот извештај, во 02,10 часот на локалниот пат с.Стојаково-с.Селемли Д.И.(44) од Богданци управувајќи мопед „Лифан-50“ изгубил контрола над мопедот и излетал надвор од патот. Д.И. починал на самото место, а смрт била констатирана од страна на лекар од екипа на Итна медицинска помош.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска канцеларија Богданци со полициски службеници од Полициска станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција.
Се работи на целосно расчистување на случајот.