Дваесет и тригодишен државјанин на Турција синоќа бил пронајден на излез од Гостивар, на магистралниот пат кон Тетово, со повреда од остар предмет.
Од МВР информираат дека момчето било со регулиран престој во Гостивар, а за обид за убиство е приведена К.Д.(24) од Р.Турција, исто така со привремено живеалиште во Гостивар.
Момчето е пренесено во Ургентен центар Гостивар за укажување лекарска помош. По целосно документирање на случајот, против девојката ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од полицијата.