Поранешниот директор на УБК, Сашо, Мијалков е ослободен од обвинението за случајот „Тортура“ во кој беше првообвинет, од страна на Основниот кривичен суд во Скопје.
Судот ги ослободи и шестмината припадници на поранешната полициска единица „Алфа“, поради немање јасни докази дека го сториле кривичното дело за кое беа обвинети во случајот.
„Тортура“ се однесува за апсењето на лидерот на партијата Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година.
Мијалков и шестмина припадници на поранешната полициска единица „Алфа“ беа обвинети поради начинот на кој беше изведено апсењето на Бошкоски пред скопскиот ресторан „Воденица“. Судскиот процес за „Тортура“ почна во март 2018 година.