Службата за работи со странци во соработка со разузнавачката агенција на Босна и Херцеговина изрече мерка протерување со забрана за влез во државата од четири години за македонскиот државјанин Ј.Џ.
Тој е сместен во Имиграциониот центар во Сараево, од каде што ќе биде депортиран.
– Ј.Џ. бил лоциран на подрачјето на Зеница, а се поврзува со криминални активности и претставува закана за безбедноста на БиХ – соопшти Министерството за безбедност на БиХ, пренесе
Онаса.