Медицинското лице кое го прегледа Бојан Јовановски на судењето за случајот Рекет потврди дека тој може да го следи судењето.
Лицето од медицинската помош рече дека притисокот на Боки 13 му е 140 со 100, а тој се пожалил на болки во секоја регија на стомакот и на вртоглавица.
Според лекарот тоа е резултат на стресна реакција.
Јовановски добил дијазепам, а судијката Васка Николовсла Масевска, сепак, не го одложи судењето.
Претходно во судницата, Јовановски побара да се одложи првото рочиште за „Рекет“, бидејќи, како што рече, не е свесен, не е контактибилен, повраќал десет пати утринава и не е во можност да го следи судењето.
Обвинетите побарале снимките од Орце Камчев да не бидат докази во постапката, зашто биле прибавени на незаконски начин, но судот ги одби и ова барање.
Камчев ќе бара 1,5 милиони евра од Јанева и Јовановски
Адвокатот на Орце Камчев, Александар Михајловски, пред судот рече дека предјавува имотно-правно побарување од 1,5 милион евра. Обвинителката Вилма Русковска рече дека за ова кривично дело противзаконско влијание нема оштетени, има само сведоци.
Судијката го поучи адвокатот на Камчев дека може да биде присутен само како јавност и дека понатаму во граѓанска парница може да поведе понатамошна постапка.