Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.П.(45) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување “.
Како што соопшти МВЕ, во текот на 2016 пријавениот, како градоначалник на Општина Пехчево, спротивно на Законот за јавни набавки, во 13 наврати донел решенија за исплата на парични средства на здружението за културни дејности „Млади во движење“ – Пехчево, со што тоа се стекнало со противправна имотна корист од 1.091.650 денари на штета на Буџетот на општина Пехчево.