Советник на Кабинетот на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев е суспендиран, и против него е поднесена кривична пријава за насилство, поради нападот на началникот на Единицицата за безбедност во сообраќајот во СВР Тетово Зоран Талев, на денот на изборите.
Дополнителната заменик-министерка, Славјанка Петровска наведе дека против државниот советник е поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и оти тој ќе биде суспендиран од работното место до завршување на дисциплинската постапка во МВР.
– Во врска со несоодветно и насилничко однесување на припадникот на МВР, Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР ги заврши потребните проверки за настанот во Тетово кој се случи на 15.7.2020 год при што констатира дека постои основано сомнение дека полицискиот службеник, државен советник за полициски и криминалистички работи на министерот за внатрешни работи сторил кривично дело насилство и малтретирање при вршење служба за што против истиот до ОЈО ГОКК – Одделението за гонење на сторите на кривични дела на лица со полициски овластувања поднесена е кривична пријава – информира Петровска.