Секторот за компјутерски криминал при МВР поднесе кривична пријава против 34-годишен скопјанец, поради сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста.
Како што информираат од МВР, пријавениот на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, во текот на 29, 30 и 31 минатиот месец, објавил слики на високи претставници на Владата и лидер на политичка партија, проследени со коментари со заканувачки пораки.