Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против лекар од гостиварско Чегране, кој издал лажни негативни ПЦР тестови на лица на кои им биле потребни за патување во странство. За тестовите им наплатил по 1.500 денари.
– Е.М.(45) се сомничи дека на 7 и 9 март, како лекар во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ на две лица им изготвил лажни негативни ПЦР-тестови, кои им биле потребни за патување во странство и им наплатил 3.000, односно 1.500 денари или вкупно 4.500 денари.
Е.М., кој вчера (22.3.2021) бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар, а со кривичната пријава денеска ќе биде однесен пред Јавен обвинител“ соопшти МВР.