Штипската полиција поднесе кривична пријава против 30-годишник од Кочани кој продавал дрога во штипскиот затвор.
Како што информираат од МВР, пријавениот како затвореник во штипскиот затвор во текот на јануари минатата година од непознато лице во затворот набавил марихуана, која ја препакувал во десет најлонски ќесички.
Така спакуваната марихуана имал намера да ја продава во затворот, а ја чувал скриена во својата ќелија.
Дрогата била пронајдена при претрес од затворските чувари на 11 јануари 2019 година.
Кочанчанецот се товари за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.