Кривична пријава за злоупотреба на службената положба е покрената против поранешниот директор на затворот во Гевгелија.
Полициската станица Гевгелија поднесе кривична пријава против П.Н.(62) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Во периодот од 31.07.2017 до 14.08.2017 година пријавениот, како директор на Казнено поправната установа Затвор Гевгелија, откако на 31.07.2017 година осудениот А.Т. не се вратил од викенд отсуство, не издал наредба за распишување на потерница, односно веднаш не го известил Министерството за внатрешни работи.