Нивните имиња сеат страв каде и да се споменат. Шверцуваат дрога и нуклеарни материјали, киднапираат, уриваат авиони, си играат со животи на милиони луѓе
Светот одамна станува опасно место за живеење. Со него владеат парите, дрогата и криминалот што го предводат опасни поединци или групи. Насекаде читаме за војни, пресметки на криминални групи, терористички организации, киднапирања… Но зад сите нив, ако не стои држава или тајна полиција, стои еден човек или помала група луѓе, кои си играат со милиони животи низ светот.
Во сите нив е вклучен понекој опасен криминалец, кој ги користи шансите да стекне богатство и да ја елиминира конкуренцијата или да дојде на власт.
Врз основа на таквите критериуми е направена листата на најопасните луѓе во моментов. Кои се тие лица, со што се занимаваат, со што е поврзан нивниот криминал познат во светот?
Коди Вилсон
Вилсон е најбараниот американски модерен криминалец, кој смета дека интернетот треба да има поголема слобода. Исто така смета дека пазарот на оружје и пари треба да се невладини ентитети. Опасен е затоа што на интернет прикачува нацрти за 3Д-оружје што може да се печати на 3Д-печатач. Неговиот софтвер беше симнат од интернет 100 илјади пати пред да интервенираат властите и да го тргнат. Тоа значи дека секој со пристап до интернет, имал пристап до нацртите за многу опасно оружје. Според властите, тој може да се соочи со истрага за нелегален извоз на муниција, што може да му донесе до седум години затворска казна.
Семјон Могилевич
Украински шеф на шефовите, гладен за пари и моќ. Вовлечен е во трговија со дрога, со нуклеарен материјал, интернационална проституција и договори за убиства. Има повеќе од 100 свои компании и 27 банкарски сметки во разни земји.
Абубакр Шекау
Тој е нигериски исламски терорист и лидер на Боко Харам. Тој е обвинет за бомбардирање села и масакр на нивните жители. Само во 2014 година неговата организација извршила 14 напади. Посебно внимание привлече кога под името Боко Харам киднапира 223 христијански ученички и бараше да бидат ослободени неговите соборци од затвор.
Матео Месина Денаро
Актуелен шеф на сицилијанската мафија е токму Денаро. Не се знае каде е, но се претпоставува дека е во Италија. Го сака бизнисот, па затоа влегува во сѐ што носи профит, почнувајќи од дистрибуција на храна, трговски центри, земјоделство. Се наоѓа на листата на опасни луѓе поради пресметките на сицилијанската мафија во 1990 година.
Џозеф Кони
Тој е лидер на Божјата армија на отпорот, која дејствува во Уганда. Неговата организација се обидува да воспостави теоретска држава базирана на десетте божји заповеди заедно со нивните локални традиции. Обвинет е за злоупотреба на деца во обидот да ги направи војници и сексуални работници. За време на неговото владеење, 66 илјади деца се трансформирани во војници.
Исмаил Замбада
Тој е наркошефот на картелот Синалоа во Мексико. Обвинет е за трговија со наркотици во Европа и во САД. Исто така, обвинет е и за перење пари, како и за киднапирање. Неговиот картел извршува брутални убиства во противничките картели, како и врз цивилите, само за да ја одржи лојалноста кон него.
Омар Хасан ал Башир
Тој е моментален претседател на Северен Судан. Под негова команда има десет илјади војници, кои се обвинети за воени злосторства уште од 2003 година. Имаат многу моќно оружје, кое го користат за убивање локално население.
Ибрахим ал Асири
Тој е најбараниот и најопасен терорист во светот. Експерт за бомби во Ал каеда, Асири е обвинет за многубројни паднати авиони. Тој е поранешен студент по хемија, па властите веќе стравуваат дека тој работи на пренесување на знаењето на други помлади ученици, кои се подготвуваат да работат како бомбардери на Ал каеда.
Сун Каилианг
Кинески шпион што работи во Соединетите Американски Држави. Негова главна задача е да ја попречува американската економија користејќи го интернетот. Обвинет е од Федералното биро за истраги за нелегално пристапување кон компјутерските системи што им припаѓаат на разни американски организации, кои, пак, се поврзани со нуклеарната индустрија. Исто така е обвинет за кражба на разни економски тајни.