Поранешната шефицата на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, останува во притвор поради опасност од бегство.
Апелациониот суд не ја прифати жалбата на нејзините бранители со која се бараше укинување на притворот.
Судот донесе одлука Јанева да остане во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. Во одлуката се наведува дека со завршување на истрагата за „Рекет“, отстранета е само можноста Јанева да влијае врз сведоци.
Таа е во притвор од 21 август, како третоосомничена во случајот „Рекет“. Осомничениот Бојан Јовановски – Боки 13 исто така е во Шутка, додека Зоран Милевски – Кичеец е во домашен притвор откако Обвинителството за организиран криминал соопшти дека истрагата е завршена.