Камион од чија приколка беа украдени 200 кутии со два тона канабис, сега е оставен на паркинг на патот кон граничниот премин Блаце.
Кражбата на двата тона канабис се случила во четвртокот од склад за преработка на канабис во валандовско Јосифово, а полицијата уште во саботата го лоцирала камионот, но без приколката.
Складот од каде била изнесена марихуаната бил со обезбедување и во дел од селото каде што немало поголемо движење на луѓе, а движењето во тој реон и не било дозволено од безбедносни причини.
Погонот ги имал сите лиценци за производство на марихуана и преработка за потреби за производство на масло.
МВР од синоќа спроведува голема акција во Арачиново и околината каде е пронајдена голема количина марихуана, но се уште нема детали од полицијата, иако според неофицијални информации се работи токму за дрогата украдена од погонот во вландовсвкото село.