Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчера вечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот на возилото кој бил пренесен во болница заради укажување на лекарска помош починал од срцев удар.
Според полицијата настанот се случил вчера на 3.08.2021 во 21 часот кога на магистралниот пат Граничен премин Блаце -Скопје, Н.Б.(55) од Приштина, управувајќи товарно возило „ман“ со полуприколка, со косовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
Н.Б. бил пренесен во Градска општа болница „8 Септември” за укажување на лекарска помош, но починал од срцев удар.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.