Полицијата вчера казни 116 мотоциклисти, од кои 75 не користеле заштитна кацига, соопшти МВР.
27 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци.
„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.