Државниот инспекторат за животна средина предложи казна од 20.000 евра за фабриката за хартија „Пејпер Мил“ од Кочани, откако не дале резултати промените во процесот и опремата на фабриката.
– Од првиот вонреден надзор над инсталацијата на 04.11.2020 година, направени се две мерења (на 13.11.2020 и 02.12.2020) и два пати е констатирано надминување на дозволените вредности.
Промените во процесот и опремата што во меѓувреме ги правеше инвеститорот, не дадоа резултат. Предложена е казна од 20.000 евра, со Решение е наредено да се врши редовно мерење на емисиите, а „Пејпер Мил“ се обврза да инвестира во вреќаст филтер поради повеќекратно намалување на емисиите.
Наредното мерење на емисиите е на 30-ти декември. Доколку со ова мерење се докаже надминување на граничните вредности, ќе се нареди инсталацијата да престане да го користи котелот на пелети и да премине на плин. Во спротивно ќе се забрани работењето, се до обезбедување на филтерот и водење на процесот на начин на кој нема да се загадува Кочани. Нема компромис во битката за чиста животна средина – соопшти инспекторатот.