Ф.Б. е осуден на затворска казна во траење од три години, а В.К. и Б.В. добија условни казни во траење од една година, во пресудите на Кривичниот суд изречени за обвинетите во случајот „Двојник“ кои претходно се изјаснија дека не признаваат вина.
Претходно, од обвинетите кои признаа вина, шестмина добија затвоски казни од една година и 7 месеци до две години и 7 месеци, а беше осуден на условна казна.
Во „Двојник“ беа обвинети 10 вработени во МВР и еден посредник. Седуммина од нив признаа вина.
Од јуни 2017 до крајот на минатата година биле издадени пасоши на 214 странски и на еден македонски државјанин, според ОЈО Скопје.