Во приемното одделение на затворот Идризово попладнево избувна пожар во кој е зафатена покривната коснтрукција, потврди за МИА директорот на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ.
Во пожарот нема повредени лица, а според првичните информации причина е застарената електрична инсталација.
Лицата од приемното одделение во моментот безбедно се префрлени во други простории.
Бригадата за протипожарна единица на Град Скопје интервенира со неколку возила.