Попладнево изби пожар во напуштена куќа во скопската населба Кисела Вода, по што беа испратени две возила на противпожарната бригада кои се очекува наскоро да завршат со интервенцијата.
– Изби пожар во стара напуштена куќа, веројатно од застарената електрична инсталација на покривната конструкција. Испратени се две возила со осум пожарникари, ситуацијата е ставена под контрола и се очекува наскоро да заврши интервенцијата – вели Владимир Симоновски, командантот на скопската противпожарна бригада. М.Ж.