Комуникацијата меѓу доскорешниот премиер Зоран Заев и обвинетиот во „Рекет”, Бојан Јовановски, која тој ја препраќал до неговата мајка Јасминка Јовановска, е дел од доказите во предметот. Заев му посочува на Јовановски дека видел докази за „класичен рекет” и дека ќе постапи според законите, а Јовановски бара средба кај него, објаснувајќи дека не го злоупотребил неговото име.
– Сум покажал многу пати. Од мене никогаш нема да слушнеш дека сум го злоупотребил твоето име. Кога сум имал нешто прво тебе сум ти кажал. Нашиот однос зависи од тебе. Те молам размисли да се видиме. Јас сум ти пријател – пишува во принт-скринот испратен од Јовановски кон неговата мајка Јасминка Јовановска.
Од комуникација преку телекомуникациска апликација може да се види дека стои името Зоран Заев.
– Јас никогаш не сум го злоупотребил вашето име. Ве молам да ме примите – пишува повторно Јовановски до Заев.
Комуникацијата се одвивала околу една недела пред Заев официјално да го пријави случајот во Обвинителството.
– Ги видов доказите Боки. Ова е чист рекет. Јас сум претседател на Влада и морам да постапам законски. – пишува во принт-скринот каде е прибележано името на Зоран Заев, а кој Јовановски го испраќал на мајка си.