Момче на 21-годишна возраст загина кога товарното возило што го управувал паднало во Вардар. Возилото е сопственост на фирма од Куманово.
Момчето од селото Сопот, Кавадаречко, вршело ископ во водите на Вардар, во атар на село Црвени Брегови.
– При падот на возилото во реката, П.М. починал на местото на настанот, а совозачот Д.Е.(19) од село Марена се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино – соопшти МВР.
Бил извршен увид на местото, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Автомобил прегази жена во Бутел и избега
Жена со тешки телесни повреди е пренесена во болница по удар од автомобил.
Според информациите од полицијата, пред два дена на крстосницата од булеварот Христијан Тодоровски Карпош и улицата Ферид Бајрам во Скопје, патничко возило „бмв“, удрило во пешакот З.Ш.У.(55) од Косово, со живеалиште во Скопје, по што го напуштил местото на незгодата.
– На повредената ѝ била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР.