Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето на обвинетите за обидот за убиство на претеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.
Случајот треба да продолжи со завршни зборови на двете страни, откако на претходното заврши доказната постапка.
Претседател на судечкиот совет е судијката Славица Андреевска.
За случувањата на 27 април обвинети се Кире и Цане Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра.
Застапникот на оштетениот Села, Абидин Абдули по завршувањето на последното рочиште рече дека во соработка со јавниот обвинител дополнително ќе одлучат за можни нови постапки кон други лица кои се гледаат на доказите, а не се опфатени со обвинителниот акт.