Шеесет и шестгодишен жител од Голема Речица И.Б. починал попладнево околу 15.30 часот од повредите што ги добил во сообраќајна несреќа, соопшти МВР.
Управувајќи „опел астра“ со тетовски регистарски таблички, И.Б. удрил во бандера на локалниот пат Пирок – Тетово кај Мала Речица. Бил пренесен во Клиничката болница Тетово каде што починал.
Полицијата работи на расчиствување на несреќата.