Жител на Општина Новаци пронашол граната во неговиот дом.
Според информациите на МВР, вчера во 11 часот во Полициското одделение Новаци, З.Ѓ. пријавил дека Т.М.(49) од село Добромири му пријавил дека, додека работел во своето дворно место, пронашол експлозивна направа односно граната.
Увид бил извршен, а гранатата била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување на понатамошна постапка.