Регионалниот центар за Гранични работи Север поднесе кривична пријава против 22-годишно лице од селото Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Од МВР велат дека на 20 јуни во населба „Карпош“ во Куманово, во возилото на струмичанецот, полициските службеници пронашле 11 лица – мигранти од Бангладеш.