Еден хеликоптер замина на извидување во реонот на општина Пехчево, соопшти утрово директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов во изјава за МИА, додавајќи дека петте хеликоптери се подготвени.
Ангелов вчера најави дека хеликоптерите ќе дејствуваат врз пожарот во Пехчево се додека тоа го дозволува температурата на воздухот. Тој утринава нагласи дека има многу густ чад над местото на пожарот.
Директорот на ЦУК напомена дека останатите хеликоптери ќе полетаат од скопскиот aеродром.
Во земјава се активни 10 пожари, а најсериозна е состојбата во Македонски Брод како и во регионот на Пехчево и Делчево, според последните информации од ЦУК.