Во прилепскиот регион се случила сообраќајна незгода меѓу мотоцикли при што повредени се две девојки.
Како што информираат од МВР, несреќата се случила на крстосницата на влезот за прилепското село Галичани. Во судирот учествувале мотоцикл „Херк“ без регистарски ознаки, управуван од 32-годишен жител на Кадино Село и мопед „Вилта Ревилт“ без регистарски ознаки, управуван од 16-годишна девојка од селото Галичани.
Во сообраќајната незгода со тешки повреди се здобила сопатничката на мопедот, а малолетната девојка што го управувала се здобила со телесни повреди констатирани од страна на лекар од Општата болница Прилеп.
Полицијата работи на расчистување на случајот.