фото: Зоран Антоски

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие на подрачјето на ОВР-Кичево, полициските службеници констатирале 24 прекршоци за неносење лична заштита на лицето.

На овие лица им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест ковид-19.

Истовремено полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 62 контроли во угостителски и други објекти на подрачјето на СВР-Охрид.
З.А.