Одделение за прекуграничен криминал, миграција и реадмисија на странци Гевгелија поднесе кривична пријава против 68-годишен гевгеличанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.
На 22 јануари кај клучка кај село Миравци, полициски службеници запреле патничко возило „мерцедес“, во сопственост и управувано од пријавениот, со кое вршел превоз на двајца турски државјани до „Меѓународниот аеродром Скопје“, без да поседува лиценца за вршење на авто-такси превоз и сертификат за авто-такси возач.