Од МВР соопштија дека вчера, 3 јуни, во периодот од 03:30 часот до 03:50 часот, во СВР – Тетово било пријавено дека во експозитура од банка, во склоп на трговски центар во Тетово, три лица со употреба на сила влегле внатре и одзеле пари.
Исто така непознати сторители, со употреба на сила влегле, во експозитура на друга банка во Тетово и од банкомат одзеле пари.
Увид извршиле екипа од СВР – Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.