На автопатот Гевгелија-Скопје граничната полиција во камион пронашла 142 мигранти, а возачот побегнал од местото.
На 10 јуни годинава, утрото полицијата прво го забележала камионот и приклучно возило, како се движи со голема брзина. Тие се упатиле кон камионот со цел да го запрат, а кај стариот пат од с. Милетково кон с. Габрово возачот го сопрел товарното возило и избегал.
Регионалниот центар за Гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Б.А.(40) и К.Ѓ.(27) двајцата од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.