Приведен е 27-годишен маж од селото Булачани со иницијали А.М. кој во домот имал лабораторија за производство на марихуана.
Како што информираат од МВР, полициски службеници вчера извршиле легитимирање и личен преглед на лицето и кај него била пронајдена една кеса во која имало две полиетиленски кеси со марихуана и една дигитална вага.
По обезбедена судска наредба, велат од МВР, извршен е претрес во домот во селото Булачани каде што е пронајдена лабораторија за производство на марихуана.
– Во лабораторијата се пронајдени 69 садници високо квалитетна марихуана – (сканк), како и техничка опрема составена од греачи, грејни сијалици, пумпа за вода, филтер и систем за вентилација, три поголеми најлонски кеси со марихуана спремна за продажба, четири пластични шишиња со кафеава течност –масло произведено од марихуаната – велат од МВР.
А.М. е лишен од слобода во полициска станица за понатамошни мерки, а за настанот е известен дежурен Јавен обвинител.