Поради сериозноста на ситуацијата заседава Кризниот штаб на Општина Охрид кој бара решение како да се изгасне пожарот кој се спушта кон селото Косел и Опеница. Огнот и натаму се шири поради ветерот. Граѓаните се вознемирени и велат дека ситуацијата е алармантна. Опожарена е голема површина – гори смрека и борови.
Поради пожарот, во текот на ноќта Охрид беше прекриен со чад и се чувствуваше силна миризба.
Пожарот изби вчера кај местото викано „Јасика“ во близина на двете села. Вчера било интервенирано само со едно пожарникарско возило, а вечерта, поради неможноста да дејствуваат, екипите се повлекле.
Теренот е тешко пристапен, бидејќи станува збор за планинско место. Во гаснењето на пожарот вклучени се и екипи на шумското претпријатие.