Полицијата уапси велешанец кој се обидел да предизвика пожар во казино.
Според информациите од полицијата, ноќеска околу 1 часот по полноќ во Велес на улица „8 Септември“ бил уапсен Б.Ќ. (56) од Велес, бидејќи се обидел да предизвика пожар во казино.
Додека се обидувал да опожари дел од инвентарот во казиното, тој бил спречен од полициски службеници и бил приведен во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.