СВР Велес поднесе кривична пријава против М.Д.(21) од Велес, поради разбојништво. На 09.06.2020 пријавениот додека се движел со патничко возило „хјундаи пони“ заедно со малолетник од Куманово, во близина на село Караслари ги забележале А.С.Н. и Ј.А. од Авганистан како се движеле по автопатот од Грција кон Србија.
Им понудиле да ги транспортираат до границата со Србија за 200 евра и оштетените влегле во возилото, по што се упатиле кон стариот пат за Велес. Во еден момент пријавениот го сопрел возилото и побарал уште 200 евра за да стави гориво. Оштетените не се согласиле поради претходниот договор, а пријавениот и малолетникот физички ги нападнале и им се заканиле дека ќе извадат оружје. Потоа тие им дале 200 евра, а во тој момент од страна на оштетените бил одземен мобилен телефон кој бил сопственост на братот на пријавениот.