Обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 за случајот „Рекет“, по прикажувањето на ПИ-мерките рече дека снимките и извештаите од МВР покажуваат само една несериозност. Тој негодуваше бидејќи извештаите кои ги читаше обвинителката Вилма Русковска не соодветствувале со снимките кои биле прикажани во судската сала.
– Единствените законски снимки кои се прибавени во овој настан се олицетворение на една груба несериозност, која беше денеска преставена, имавме исчитување на извештаи кои не соодвејствуваа на мониторите на салата. Во однос на потенцирањето за ул. Стрезова, не видовме видео снимка ниту фото документација, бидејќи обвинителката потенцираше дека одам кај Катица Јанева. Се потенцираше „Скупи 3”, а тоа е седиштето на „1ТВ”, и „Варшавска”, каде што е куќата на моите родители. Сакам да кажам дека ова е само моја одбрана. Од ова што го видовме, јас сум само едно мало бебе во однос на оној кој доби прв куќен притвор – рече Јовановски пред судот.
Адвокатот Дељо Кадиев, бранител на Катица Јанева рече дека ПИ-мерките немаат доказна вредност.
– Тие не се однесуваат на предмет на обвинение, има разлика во време – рече Кадиев.