Осомниченот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, со бело полициско комбе точно напладне го донесоа во Обвинителствтото за гонење организиран криминал и корупција.
Тој треба да даде исказ или да одлучи и понатаму да молчи пред обвинителката Вилма Русковска. Јовановски го спроведоа преку гаражата во Обвинителството.
Според Обвинителството, Бојан Јовановски преку тргување со влијание издејствувал преку Јанева, како тогашна шефица на СЈО, ослободување од притвор на осомничениот бизнисмен Орце Камчев во предметот „Империја“ и можност за спогодба.
Јанева е осомничена во предметот „Рекет” за злоупотреба на службена положба и овластувања. Јовановски, заедно со Зоран Милески – Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито влијание, а Јовановски и за перење пари.
Истекува рокот во кој по завршената истрага, ако нема спогодба, Обвинителството треба да покрене обвинение за случајот.